Свечена академија за сесловенските просветители
Гостивар, 29 јуни 2021 Со свечена академија, вечерва во големата сала на домот на културата се одбележа денот на Св. Кирил и Методиј.
Годинава на програмата по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј имаше драмски перформанс што го изведоа членовите на драмското студио на НУЦК „АСНОМ“ Ивана Мерџаноска, Нинослав Нанков, Теодороа Волческа, Виктор Анѓелкоски и актерот Ѓорѓи Нешкоски. Низ фрагменти од биографијата и житијата на солунските браќа, тие потсетија на нивната мисија за описменување на словенските народи.
Мал концерт на кој покрај членовите на оркестарот на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ настапија и солистите: Славко Зафироски, Мирослав Крстески и Горан Трпески-Баче.
Настанот се одржува со еден месец одложување, бидејќи како што наведе организаторот Националната установа Центар за Култура „АСНОМ“ здравствените протоколи тоа не го дозволуваа. Денот на сесловенските просеветители Кирил и Методиј 24 мај е прогласен за државен празник.
Коментарите се затворени.