Започна кампањата за привлекување туристи „Избери го Гостивар“
Гостивар, 2 јули 2021 Со концерт на повеќе музички артисти и проекција на видеоспот, локалната власт започна кампања за туристичка промоција на Гостивар. Синоќа, во спортско-рекреативниот центар беше означен почетокот на проектот „Избери го Гостивар“ кој, покрај општината, ќе го поддржат и јавни личности преку промоции и други активности.
Првиот човек на општина Гостивар на промоцијата појасни дека најавата за овој настан која претходно беше претставена, наишла на коментари дека локалната самоуправа влегла во предизборна кампања, но како што нагласи тоа било само маркетиншка алатка за да се привлече вниманието. Идејата на кампањата е да се помогне локалната економија со привлекување на повеќе туристи.
– Имаме многу да понудиме, имаме прекрасна природа, имаме ретки занаети, извонредна култура и историја, гостопримливи угостители со извонредно искуство, затоа од денес сите гостиварци му велат на секој турист – Изберете го Гостивар. Веќе неколку месеци веќе сме дестинација за многу посетители кои доаѓаат да се одморат во нашиот град. Среќни сме што можеме да поканиме и други. Таа покана доаѓа од сите: големи и мали, Албанци, Турци, Македонци и сите ќе понудиме пријатен престој и забава за гостите. Ние од денес сме голем и единствен тим што навива за нашиот град, рече Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар.
Кампањата „Избери го Гостивар ќе трае подолго и ќе биде проследена со низа активности за промоција на градот и околината. Во неа е предвидено да се вклучат познати гостиварци. Наскоро ќе започне и емитување на видеоспотови од кои синоќа првиот беше промотивно прикажан синоќа.
згм
Коментарите се затворени.