Утре ќе се прска против комарци, пчеларите да бидат претпазливи
Гостивар, 6 јули 2021 Утре (среда) од рано наутро ќе се врши прскање против комарци, информираат од гостиварската локална самоуправа.
Според најавата на 7 јули во раните утрински часови ќе започне авионска дезинсекција и запрашување против комарци на територија на општина Гостивар.
За да се избегнат последици врз корисните инсекти од локалната власт упатуваат апел:
„Се известуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите и пчелните семејства за да не дојдат во контакт со хемиските препарати кои ќе се користат, наведоа од општина Гостивар
Во случај на неповолни временски услови, активностите поврзани со прскањето против комарци ќе се одложи за наредниот ден.
Коментарите се затворени.