Завршил во полициска станица за правење неред и физички напад врз вработена во „брзата помош“
Гостивар, 20 јули 2021 Еден час по полноќ, едно лице е лишено од слобода и задржано во полициска станица, откако бил пријавено дека нападнал вработена во гостиварската Брза помош. За насилното однесување, тој ќе заработи и соодветна пријава, по расчистување на настанот. Според информациите на СВР Тетово, ноќеска (20 јули) околу 1 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско Мало Турчане. Тој, дваесетина минути пред тоа, физички ја нападнал Ј.Ј.(60), вработена во Службата за брза помош, а оштетил и дел од инвентарот во просториите.
Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
згм
Коментарите се затворени.