Во сабота, промоција на планинарската патека „Виножито“

Гостивар, 21 јули  Љубителите на природните убавини и престој во планина, оваа сабота имаат единствена можност да се дружат и да се приклучат на планинарски марш. Во организација и поддршка на општините Гостивар, Врапчиште и планинарското друштво „Шари“, ќе се организира марш за промоција на планинарската патека „Виножито“ по терените на Шар Планина.

Организаторите информираат дека маршрутата е по патеката која започнува над селото Здуње, минува низ село Долно Јеловце, месноста Рамен Камен, планинарската куќа „Шари“ над селото Врањовце и завршува во Врапчиште.

На маршот е најавено присуството на градоначалниците на Гостивар и Врапчиште, Арбен Таравари и Исен Шабани, а поканети се и дипломати од пријателските земји на РСМ

Во информацијата за јавноста се наведува дека маршот има цел да ги поттикне граѓаните да се занимаваат со пешачење во природа, спорт и рекреација, а воедно да биде и промоција на руралниот туризам.

Маршот ќе се одржи на 24 јули (сабота), а агендата и другите детали ќе бидат дополнително објавени.

Коментарите се затворени.