Син крадел златен накит од татка си

Гостивар, 25 јули 2021   Полицијата расчисти несекојденвен случај поврзан со кражба на златен накит вреден над 50 илајди евра. Лишено е слобода едно лице осомничено за кражбата.

Според информациите од МВР, денеска (25.07) околу 16 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.А. (31) од село во гостиварско. За него постои сомнеж дека во текот на изминатите два месеци, во повеќе наврати, од куќата на неговиот татко одзел златен накит во вкупна вредност од 50 до 60 илјади евра. Накитот бил сопственост на неговата сестра, а осомничениот М.А. златните парчиња го продавал на други лица. Откако забележал, дека „малото богатство“ кое било кај него на чување, го нема, кражбата ја пријавил таткото попладне (25 јули) во 15 часот.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, извести МВР.

Коментарите се затворени.