Aмбасадорот на Франција Баумгартнер, во посета на Гостивар

Гостивар, 29 јули 2021 Амбасадорот на Франција Сирил Баумгартнер денес беше во работна посета на општина Гостивар и оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари.

По средбата двајцата кажаа дека посетата е продолжение на досегашната соработка која ја оценија како одлична. Таравари и амбасадорот Баумгартнер разговарале за актуелната политичка состојба во земјава, претстојните локални избори, пописот на население и евроинтегративните процеси на Северна Македонија во Европската унија.

– Досегашната соработка ќе ја продлабочиме и унапредиме, бидејќи имаме односи кои претходно ги изградивме со поранешниот француски амбасадор Кристијан Тимоние, рече Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар.

Амбасадорот Баумгартнер напомена дека е за прв пат во Гостивар и искажа задоволство од приемот и најави успешна соработка.

– Уверен сум дека ќе оствариме плодна соработка и ќе ги разгледаме можностите таа да се одвива низ заеднички проекти и модели. Сето тоа ќе биде во насока веќе воспоставените односи, рече амбасадорот Баумгартнер

По средба во кабинетот на градоначалникот Таравари и францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер, прошетаа низ градот Гостивар и заеднички разгледаа некои знаменитости. згм

Коментарите се затворени.