Гостиварец лишен од слобода, нападнал полицајци на должност
Гостивар, 5 август 2021 (МИА) Гостиварец е приведен за агресевно однесување и обид за напад врз полицајци кои биле на должност.
Од СВР Тетово информриаат дека вчера вечер (04.08.2021) околу 20.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Јефута“, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.Р. (49) од Гостивар.
Лишувањето следело откако се однесувал агресивно и се обидел физички и со тврд предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Тетово.
Г. Р. e задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
згм
Коментарите се затворени.