Фатен со кокаин и марихуна, па нападнал полицајци
Гостивар, 8 август 2021 Едно лице се соочува со мерка притвор откако физички нападнал полицајци кои при контрола му пронаше кокаин и марихуна.
Од Основното јавно обвинителство Гостивар информираат дека осомничениот ќе се гони под две основи.
– Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело: Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, инфомираат од ОЈО Гостивар.
Според пријавата, осомничениот на 5 август, од Скопје набавил наркотична дрога и се качил во такси возило со кое се упатил кон Гостивар со намера таму да ја препродаде.
– Во автомобилот дрогата ја држел во ќеса меѓу нозете на совозачкото седиште. Полициски службеници го запреле возилото и при прегледот пронашле 199,6 грама марихуана и 2,37 грама кокаин. При обидот да ја одземат дрогата и да го лишат од слобода, осомничениот дал активен отпор, ги нападнал и удрил двајцата полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди.
Јавниот обвинител со судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Коментарите се затворени.