Поведена истрага против три лица за шверц на близу 40 килограми марихуана

Во стан во Гостивар беа пронајдени пакувања со марихуана наменета за црниот пазар

Гостивар, 8 август 2021   Еден странски државјанин и двајца скопјани се под истрага откако полицијата ги осомничи дека се обиделе да шверцуваат и на црниот пазар да стават во промет поголема количина на марихуана.

Според информациите од ОЈО Гостивар, Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, осомничени за кривично дело: Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Од ОЈО наведуваат дека осомничениот 38-годишен странски државјанин во Албанија набавил поголемо количество наркотична дрога – марихуана. Нелаглано ја внел во Република Македонија и ја скрил во стан во Гостивар. На 6 август двајцата осомничени жители на Скопје, на возраст од 28 и 32 години, како соизвршители договориле купување на 1.990 грама марихуана од првоосомничениот со намера да препродадат на наркозависници. Притоа договориле на првоосомничениот да му исплатат сума од 2.500 евра. При обид да ја извршат размената биле забележани од полициски службеници. Дрогата им била пронајдена и одземена, а тие биле лишени од слобода. При претрес во станот во Гостивар во кој престојувал првоосомничениот биле пронајдени уште 31.880 грама марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени за кои постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да ги прикриваат трагите за кривичното дело, како и да го повторат делото.

Коментарите се затворени.