Со ковид инфицирани уште 82, починати две лица

Гостивар, 11 август 2021  Последните бројки од ковид статистиката за Гостивар се алармантни. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 82 новозаразени. Од компликации со корона вирусот починале две повозрасни лица.

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа во земјава се регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница  – по 3, Ресен и Македонски Брод  – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г).  Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 69879, Активни 1053

Куманово 9114, Активни 193

Прилеп 8359, Активни 28

Тетово 8127, Активни 755

Битола 6395, Активни 75

Гостивар 5583, Активни 370

Велес 5498, Активни 21

Кавадарци 5189, Активни 31

Охрид 5088, Активни 67

Штип 4983, Активни 18

Струмица 4220, Активни 88

Струга 3050, Активни 67

Кочани 2823, Активни 27

Кичево 2771, Активни 161

Гевгелија 2199, Активни 2

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1536, Активни 9

Ресен 1242, Активни 8

Крива Паланка 1229, Активни 2

Радовиш 1183, Активни 19

Берово 1053, Активни 18

Дебар 1025, Активни 71

Делчево 977, Активни 3

Виница 898, Активни 12

Пробиштип 791, Активни 2

Валандово 681, Активни 11

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 398, Активни 2

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 372, Активни 13

Пехчево 279, Активни 8

Мак.Каменица 250, Активни 1

Дојран 132, Активни 0

Коментарите се затворени.