Ковид 19: Регистрирани нови 99 случаи, активни речиси петстотини
Гостивар 12 август 2021 (МИА) Гостивар се приближи до бројката од сто нови случаи на КОВИД-19 со што бројката на активни случаи е близу петстотини.
Според последните податоци на министерството за здравство во регионот со три општини, како оздравени регистрирани се две лица, а во последново деноноќие пријавено како починато е едно лице (58г) кое починало во болнички услови.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата на ковид19 во Гостивар е: вкупно заболени 5.683, од кои активни се 467 случаи.
Според оценките на лекарите состојбата со новиот четврт бран на ковид во Гостивар се влошува. Последниве денови расте и бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лечење. Поголемиот дел од хоспитализираните пацинети имаат серизона клиничка слика и добиваат кислородна поддршка.
з. г. м.
Коментарите се затворени.