Нови 101 Ковид случаи во гостиварско

Гостивар, 13 август 2021 За една недела во гостиварско близу петсто новозаболени од Ковид 19. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа од направените тестирања во гостиварско, регистрирани има 101 нови случај на КОВИД-19.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти, а 2 починати лица (59г и 85г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 70316, Активни 1468

Куманово 9190, Активни 263

Прилеп 8370, Активни 37

Тетово 8356, Активни 976

Битола 6421, Активни 96

Велес 5512, Активни 35

Гостивар 5785, Активни 558

Кавадарци 5202, Активни 44

Охрид 5116, Активни 95

Штип 4996, Активни 30 Струмица 4294, Активни 159

Коментарите се затворени.