Во Гостивар има 820 заболени од КОВИД19

Гостивар 17 август 2021 Четвртиот бран на пандемијата со корона вирусот ги мобилизира здравствените работници. Напливот од новозаболени ги пополнија капацитетите на инфективното одделение на општата болница „Ферид Мурад“.

Во неделата, епидмеиолошка слика вчера со 138 новозаболени го стави Гостивар на непопуларното второ место, веднаш зад Скопје. Потврда се и редиците пред лабораторијата каде што се прават ковид тестови. Впечатливо е дека поголемиот број се млади лица кои пројавиле симптоми и деа дојдени на проверки.

Од општата болница потврдија дека заради високата бројка на новозаболени ги мобилизира здравствените работници кои повторно почнаа да работат во режим како и во зимскиот период. Првиот човек на болницата Јакуп Јакупи ја оцени состојбата како алармантна и од тие причини како најголема здравствена установа се принудени да го реорганизраат приемот на пациенти. Заболените со Ковид19 од вчера се примаат на уште две одделнија.

-Технички и со пероснал сме подготвени да го дадеме максимумот и да ја пружиме неопходната здравствена нега. Доколку се јави потреба, за прием на пациенти во оделенија каде што нема централен довод на кислород, поддршка на пациентите ќе им се пружа со боци, рече во телфонскиот разговор Јакуп Јакупи.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се Гостивар – 60 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се 3 починати лица од Гостивар (54г,69 и 78г),

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 70938, Активни 2001

Куманово 9310, Активни 363

Тетово 8628, Активни 1172

Прилеп 8385, Активни 51

Битола 6453, Активни 124

Гостивар 6116, Активни 820

Велес 5535, Активни 55

Кавадарци 5216, Активни 50

Охрид 5176, Активни 155

Штип 5020, Активни 52

Струмица 4393, Активни 249

Коментарите се затворени.