Се шетаат преку граница, а имаат решенија за карантин
Наместо во излолација, девет лица од гостиварски села отпатувале во странство. Изминатава недела полицијата регистрирал над дваесет вакви прекршувања. Во тетовско пак, наместо дома, две жени полицијата ги нашла во угостителски објект
Од МВР информриаат дека во вчерашните контроли (17.08.2021) во периодот од 10.00 до 22.00 часот, полициски службеници на ОВР Гостивар, откриле повеќе лица кои и покрај тоа што имале решенија за изолација и домашно лекување издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, ги напуштиле домовите. Станува збор за вкупно девет лица од гостиварските села Градец, Добридол и Сенокосе, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата. Против лицата, од кои седум се женски и две машки на возраст од 13 до 48 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Во овој период, исто така, било утврдено дека две женски лица од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом, туку во угостителски објект. Додека едно машко лице од тетовска Мала Речица на возраст од 27 години ја напуштило земјата. И против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Коментарите се затворени.