Притвор за дилерот кај кого беа најдени 2,5 килограми дрога
Гостивар, 19 август 2021 Судија во претходна постапка од основниот суд Гостивар на скопјанец кој вчера беше лишен од слобода му определи мерка притвор во траење од триесет денови. Тој претходно имаше кривична пријава од СВР Тетово/ОВР Гостивар за дело поврзано со недозволена трговија со дрога според член 215 од КЗ.Осомничениот е спроведен во КПУ Затвор “Скопје”.
Скопјанецот С.З. (41) кој времено живеел во Гостивар е осомничен дека продавал марихуана. Во неговото пребувалиште, полицијата вчера попладне најде поголема количина наркотична дрога.Од СВР Тетово информирааа дека вчера (18 август) околу 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.З.(41)од Скопје. При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана.
Против четириесет и едногодишниот скопјанец е изготвена соодветна пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.згм
Коментарите се затворени.