Започнува градењето на фекална и атмосферска канализација за Урбан блок 21

Гостивар, 19 август 2021 Од министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека наскоро ќе се почне со изградба на инфрструктурен проект во населбата која се граничи со магистралата Гостивар-Кичево.

Станува збор за фекалниот колектор чија должина изнесува околу 4,7 км., додека вкупната должина на канализационата мрежа за Урбан блок 21 (населба на северната страна од градот на потегот помеѓу Малеарди и фабриката Силика) изнесува околу 2.8 км.

Според МЖСПП оваа инвестиција треба да биде од корист на близу три илјади жители во  Урбан блок 21. 

Претставници на Министерството, изведувачот и надзорот за проектот Изградба на фекален колектор, фекална канализација и атмосферска канализација за Урбан блок 21 во Гостивар имаа средба и ја посетија локацијата од каде што ќе се започне со градежните работи.  

Со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2,4 км. 

Вкупната вредност на проектот согласно склучениот договор е околу  130 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Министерството. 

Коментарите се затворени.