Гостиварските шахисти станаа државни вицепрваци
Гостивар, 21 август 2021 Шаховскиот клуб „Гостивар“ забележа голем успех освојувајќи го второто место на државното првенство во екипна конкуренција.
Од управата на ШК „Гостивар“ го потврдија постигнатиот резултат на шампионатот што викендов се одржа во Струга.
– Ова се резултати што клубот ги бележи за прв пат во неговата историја. На овој успех сме горди и како гостиварци.
На државното првенство во Струга, шаховскиот клуб „Гостивар“ настапи со шахистите: велемајсторите Анте Бркиќ, Анте Шариќ, интернационалните мајстори Н’дерим Сарачи, Дејан Стојаноски, Ванчо Стаменков, фиде мајсторите Душан Стефановски, Станоје Јовиќ и Александар Стојкоски.
Коментарите се затворени.