Викенд на мртовци: Заменети тела на починати

Гостивар, 25 август 2021  Во сé уште неутврдени околности дошло до замена и транспорт на починати лица. Според непотврдени и неофицијални информации за несекојдневниот настан се разбрало во Врапчиште. Според информациите на телевизијата ТВ21, попладнево едно семејство наместо телото на нивната почината мајка, добило тело на непознат маж. Во извештајот на новинарот се наведува: Семејството  откако го презеле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж. Откако се созеле од шокот, упатиле кон Инфективната клиника во Скопје, каде жената починала.

По обидите да се реши случајот и повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде по грешка било испратено.

Случајот со „замената“ на ковчезите со починати и натаму е тема за која со огроченост и неверување се коментира меѓу жителите на Врапчиште.

Коментарите се затворени.