Граѓанска иницијатива повикува на дебата за проблемите кои ги мачат гостиварци
Гостивар, 27 август 2021 На дебата со наслов „Панел за Гостивар кој го сакам“ ќе се бараат решенија за сообраќајот, комуналната хигиена, јавниот транспорт, квалитетот на воздух, Русино, бездомните кучиња. За овие проблеми ќе се дебатира на панел-дискусија која е закажана за утре на градскиот плоштад. Организаторите, кои се претставија како граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ упатија покана до сите граѓани да дадат придонес и мислење за да се подигне нивото на квалитет за живот во Гостивар
Коментарите се затворени.