Таравари: Наставниот кадар и јавните службеници доброволно да се заштитат со вакцина против Ковид 19

Гостивар, 2 август 2021 Покрај почитување на протоколите и доследна примена на мерките за заштита од корона вирусот, првиот човек на општина Гостивар, препорачува вакцинирање. Тој смета дека наставниците, вработените во јавните институции и служби се први на удар на заразата.

Препораката ја упати по посетата на подрачното училиште во Балиндол, а како што нагласи токму во образовните институции треба доследно да се почитуваат мерките.

– Училишните средини се ризични места за ширење на вирусот, бидејќи во нив доаѓаат деца од различни семејства. А децата се токму тие кои незабележливо го пренесуваат. Од тие причини и наставниците треба да бидат особено претпазливи. Засега протоколите се спроведуваат и тоа е за поздравување. Сепак сакам да упатам апел до нив да се заштитат со вакцина. Секако, тоа е добро и за сите нас кои извршуваме јавни функции и имаме чести контакти со различни луѓе, рече Таравари.

Вакцинирањето против Ковид 19 треба да биде на доброволна основа, бидејќи како што посочи не треба биде под притисок. Граѓаните не треба да се принудуваат на таков чекор со ограничувања, туку да биде со убедување дека е засега единствена мерка за заштита.

Коментарите се затворени.