Општината најавува: Санкционирање на злоупотреба на водата за пиење

Гостивар, 5 јуни, 2026 (МИА) – Општинските власти планираат со поголеми контроли на терен да ја намалат злоупотребата на водата за пиење. На ваков начин предвидено е справување со дивите приклучоци, со наводнувањето тревници и ниви. Во последното соопштение од раководството на ЈП Комуналец се најавува дека во наредните денови ќе се спроведуваат засилени теренски контроли на целата територија на Општина Гостивар од страна на овластени лица на ЈП Комуналец, во придружба на општинските инспектори од Одделението за животна средина.

– Целта на овие контроли е откривање и спречување на злоупотребата на вода за пиење, особено за активности како што се наводнување на градини, тревници, миење на улици, тротоари, возила и други површини. Сите лица кај кои ќе биде утврдена злоупотреба на вода спротивно на важечките прописи ќе бидат предмет на санкции и казнени мерки согласно законот, наведуваат од ЈП Комуналец.

Општинските власти и комуналното претпријатие апелираат до сите жители да постапуваат одговорно и да придонесат кон заштита и рационално користење на водните ресурси. На тој начин, се наведува во апелот, ќе се обезбеди непречено водоснабдување за сите домаќинства и деловни услуги во градот.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar