КК Гостивар: Ворку ќе биде замена за Костоски

Откако Александар Костоски ја раскина соработката со КК Гостивар, експресно е најдена замена.

Станува збор за Американецот Јасу Ворку (22)  Eyassu Worku кошаркар кој минатата сезона настапувал во хрватската А1-лига за Забок, а претходно бил дел екипата на Задар. Тој има настапувано и во АБА лигата.

Како играч има импресивна статистика. Бројките покажуваат дека неговиот просек по натпревар е: 16,1 поени, 4,6 скока и 3,4 асистенции.

Ворку е висок 188 см , роден на 18.10.1998 година во Артезија, Калифорнија САД. Има потекло од Етиопија и двојно државјанство (Етиопија и САД)

Досега има настапувано во американската универзитетска лига за UC Irvine 2016-2020, Zadar 2020/21 и KK Zabok.

„Дупката“ на бековската позиција што се појави во ростерот засега е пополнета. Пред новото првенство се очекува гостиварските „сини“ да се засилат со еден или двајца играчи.

Коментарите се затворени.