Страшен судир на три возила, има загинати


Гостивар, 4 септември 2021 (МИА) Едно лице го загубило животот, а уште неколку се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар Кичево. Сообраќајот е во прекин поради увид
Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила во.. часот, денеска(4 септември) околу 15 часот и 30 минути во СВРТетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа  учествувале три моторни возила: џип “мерцедес”, патничко возило “бмв” и камионет. 

Од повредите  здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени се во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад “за укажување на лекарска помош.Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало.Од СВР Тетово посочуваат дека денес во рамки на акцијата за контрола на брзина на сообраќајот во полошкиот регион, биле изречени 86 мерки.Во моментов јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки.згм

Коментарите се затворени.