ДПА ја претстави листата за советници во Гостивар, носител е Фезји Џелили

Гостивар, 6 септември 2021   По одржаниот состанок, собранието на огранокот на ДПА Гостивар ја одобри листата на кандидати за членови на општинскиот совет. Со листата која ќе ја предводи Фејзи Џелили, ДПА ќе бара гласови на локалните избори на 17 октомври.

Обраќање имаше и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Рената Елези која изнесе дел од платформата со која ќе настапи на изборите. Таа потенцира дека платформата дава решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во општина Гостивар, како што се вода за пиење, канализација, решавање проблеми со отпад, патна инфраструктура, образование, култура и други проекти важни за жителите на оваа општина.

Коментарите се затворени.