По првиот ден попишани над 3.000 граѓани во гостиварско
Гостивар, 6 септември 2021 Вториот ден од пописот на населението и домаќинствата во гостиварската општина се одвива без значајни потешкоштии. Од општинската пописна комисија (ОПК) информираа дека имало пречки заради проблеми со поврзувањето на интернетот, но тоа било ставено во ред и процесот продолжил.
На првиот ден 317 локални попшиувачи, регистрирале податоци за 3.200 луѓе, 911 домаќинства, 1.100 станови и 803 куќи. Претседателот на ОПК Гостивар, Назми Јусуфи, рече дека во Гостивар досега немало пријавено бојкот на процесот.
„По направените подготовки, ситуацијата на терен досега е добра. На првиот ден биле примени и не наишле на затворени врати, изјави за Тв Глоби Назми Јусуфи.
Најголемиот број од попишаните се на тертиоријата на градот, а значаен процент има и во селата Чегране и Форино.
Коментарите се затворени.