Иницијативата „Гостивар кој го сакам“ собира потписи за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Гостивар, 6 септември 2021 Граѓанската инцијатива „Гостивар кој го сакам“ преку собирање потписи бара поддршка за решавање на проблемот со бездомните кучиња. За таа цел, покрај онлајн петицијата на градскиот плоштад, поставен е штанд за собирање потписи.
Од иницијативата посочуваат дека станува збор за феномен, кој се претвори во кошмар за гостиварци и затоа мора што поскоро да се решение.
„Потсетуваме дека последниве три години, 73 гостиварци се нападнати и повредени од бездомни кучиња. Ова е само дел, бидејќи некои од инцидентите непријавени во полиција. Да потсетиме и на трагичниот настан, кога на 6 ноември 2018 година, седумнаесет годишна девојка бегајќи од кучиња падна во Вардар и се удави. Затоа иницијатива „Гостивар кој го сакам“ ги повикува сите граѓани да ја поддржат оваа петиција“
Во петицијата е предложен акциски план од 5 точки:
- ТИМ: Тим за фаќање кучиња и за итна интервенција
- ЗАСОЛНИШТА: Изградба на засолниште за кучиња надвор од градот
- СТЕРИЛИЗАЦИЈА: Стерилизација на сите бездомни кучиња на територијата на Гостивар
- ЕУТАНИЗАЦИЈА: Итна еутанизација на агресивните кучиња
- ЧИСТЕЊЕ: Професионално управување со отпадот и депонијата Русино за да се намали пристапот до храна за бездомните кучиња.
Коментарите се затворени.