Во август имаше 2.360 новозаразени и 69 починати од Ковид -19

Гостивар, 10 септември 2021 (МИА)  Во четвртиот бран на пандемијата, најлоша состојбата била во август, оценуваат во гостиварската болница. Според евиденцијата на службите во најголемата здравствена установа болницата „Ферид Мурад“ минатиот месец имало вкупно 2.360 новофинцирани, а најмногу во еден ден на лекување биле 120 пациенти. Регистрирани се и 69 лица починати со ковид19.

Првиот човек на гостиварската болница, Јакуп Јакупи за МИА потврди дека, состојбата е значително се подобра и притисокот на наплив на заболени е намален.

– Денес во одделениијата на лекување се 46 пациенти, од кои 30 се на кислородна поддршка и повеќето се со средно-тешка клиничка слика. Имаме доволен капацитетот за прием на уште 67 новозаболени, доколку се јави потреба. Една од причините за високата смртност е агресивноста на овој сој на вирус што циркулира во четвртиот бран, вели Јакуп Јакупи директор на болницата.

Во август се забележани и 1.153 случаи на излекувани. Во изминатите 24 часа во болницата се регистрирани четири жртви од „Ковид 19“, три починале во гостиварската болница и една во Скопје.

Коментарите се затворени.