Вонредна акција за чистење на сметот во болничкиот круг
Гостивар, 11 септември 2021 Комуналните претпријатија со вработени и волонтери, спроведоа акција за чистење на сметот во кругот на гостиварската болница во близина на инфективното одделение и модуларната болница. Акцијата за чистење болница беше иницирана откако локалната полиција засилено почна да го контролира движењето на граѓаните во близина на ковид и упатените забелешки за хигиената.
Поради постоење опасност од ширење на зараза и спроведување на мерки за хигиена во овој дел, началникот на ОВР Гостивар се обратил до комуналното претпријатие и болницата, вонредно да се ангажираат средства и луѓе.
– Веднаш по сугестијата на полицијата да се исчисти и собере расфрланиот отпад околу објектите каде што се лекуваат пациенти со „Ковид 19“ излеговме на терен. Иако не е обврска на ЈП Комуналец, се ангажиравме дополнително и за собирање на медицинскиот отпад и кругот на болницата. Покрај ова, се изврши миење и дезинфекција на патеките кои се наоколу, рече Беким Челебиу, директор на ЈП Зеленило и паркинзи“ кој ја надгледуваше и координираше работата.
Првиот човек на гостиварската полиција Басри Вејсели нагласи дека се воведени засилени контроли околу ковид одделенијата и нема да се дозволи подолго задржување на граѓани чии роднини се лекуваат во инфективното одделение.
Во доброволна акција за чистење на дворот околу инфективното одделение се приклучија и тројца браќа иселеници од селото Неготино Полошко. Бесник Етеми еден од браќата појасни дека нивниот ангажман е во знак на благодарност кон медицинскиот персонал од инфективното одделение при лекувањето на нивната мајка заразена од корона вирусот. Етеми упати апел до граѓаните да покажат висока свест за да се одржи чистотата.
Денес, пред одделението за инфективните болести беа а поставени нови канти за отпад, донација на иселеник од селото Србиново.
Коментарите се затворени.