Заразени има, но наставата се одвива без прекин

Гостивар, 13 септември 2021   Во основните училишта во Гостивар има девет наставници и двајца ученици заразени со коронавирус, а две паралелки се изолирани. Засега нема прекин или пречки за редовно одвивање на наставата со физичко присуство.

– Од првиот ден ја следиме ситуацијата постојано и врз основа на податоците цениме дека состојбата во основните училишта во градот и околината е стабилна. Тоа овозможува и редовна настава. Се надевам дека така ќе биде и натаму. До минатата недела имавме 8 позитивни наставници на „Ковид 19“, два класа и тројца ученици беа во изолација заради превентивни причини, нагласува Снопче.

Во детските градинки епидемиолошка слика е поволна и засега нема случај на заразени помеѓу персоналот и децата. Единствена промена е што бројот на групите е зголемен од досегашните 20 на 25 деца, што е направено со одлука на ресорното министерство, потенцира Снопче.

Заради големиот број на заразени со ковид 19 во гостиварската општина, доаѓањето на средношколците одложено за две недели, а наставата се одвива онлајн.

Коментарите се затворени.