Отишол на гости и таму ја натепал сопругата
Гостивар, 17 септември 2021 Гостиварец е лишен од слобода откако бил пријавен за физичко насилство. Тој ја натепал сопругата со која биле на гости кај роднини.
Според СВР Тетово вчера (16 септември) во 22 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода К.А. (30) од Гостивар. Тој, претходно околу 15 часот во домот на негов роднина во гостиварско село, каде бил на гости, физички ја нападнал 24-годишната сопруга.
Брачниот пар, според првичните сознанија од претходно имал нарушени односи.
од СВР Тетово информриаат дека овој случај на семејно насилство се рачистува и документира, по што најверојатно ќе следи и соодветна пријава.
Коментарите се затворени.