Гостиварскиот совет го одбори изборот на понуди за изградба на три катни гаражи
Гостивар, 20 септември 2021 (МИА) Со изгласувањето на одлука за избор на понудувачи во советот на општина Гостивар, започнува процедурата за изградба на три катни гаражи во Гостивар. Локалната самоуправа, претходно најави дека овие објекти ќе се градат по принцип на приватно-јавно партнерство. Катните гаражи треба да го решат проблемот со паркирање во градското подрачје.
На денешната седница на советот го прифати предлогот со кој како најповолни понуди на огласот за доделување на концесија за изградба на три катни гаражи, се избрани две компании.
Пред советниците беше изложен заклучокот на комисијата за спроведување на постапката која започна летово.
– Петчлена комисија ги спроведе потребните постапки и направи целосна евалуација на доставените понуди. За два дела од огласот е избрана е понудата на GLOBAL IMMOBILIEN GMBH од Швајцарија, а преостанатиот дел, понудата на ГЕРТАШ ДООЕЛ Гостивар, рече Башким Асани, од канцеларијата за ЛЕР во образложението.
Катните гаражи според најавите предвидено е да се градат на определените локации во близина на кејот на Вардар, градскиот парк и општата болница.
Во Гостивар има околу 850 места за паркирање на возила, со изградбата на катните гаражи бројката треба да се зголеми за околу 300 паркинг места.
згм
Коментарите се затворени.