Реакција на ДУИ: Постапката за изградба на катни гаражи е фарса
Гостивар, 20 септември 2021 Непосредно изгласувањето на одлуката за избор на понудите за концесионирање на три катни гаражи, локалниот огранок на ДУИ во соопштение го оцени како фарса и неуспех на актуелното општинско раководство.
– Ова е последниот обид на градоначалникот во заминување, кој во фарса од постапка: „избор на понудувачи за концесијата за изградба на три катни гаражи“ се обидува да покрие уште еден неуспех од четиригодишниот мандат.
Сега, кога ги брои последните денови на чело на општината, се обидува да оживее четиригодишна лага за даденото ветување. Казната која ја заслужува, граѓаните на Гостивар со нивниот слободен глас, ќе му ја испорачаат за неколку недели. Тоа ќе беше убав сон, но граѓаните се будни и потполно го осуети политичкото делување на Таравари по принципот: Плачи, мами, владеј
На 17 октомври измамите на Таравари ќе бидат разоткриени од граѓаните кои со слободното гласање ќе го казнат, стои во соопштението
Реакцијата на локалниот огранок на ДУИ следува по седницата на советот на општина Гостивар на која беше изгласана одлука со која почнува процедурата за изградба на три катни гаражи во градското подрачје.
Коментарите се затворени.