Приведен врапчиштанец за агресивно однесување кон полицајци

Гостивар, 23 септември 2021 Жител на Врапчиште синоќа бил приведен за агресивно однесување кон полицајци.

Според СВР Тетово, вчеравечер (22 септември ) околу 23 часот и 50 минути, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар во гостиварско Врапчиште го привеле 29-годишниот М.С. Тој, одбил наредба и агресивно се однесувал кон нив, откако претходно бил пријавен дека учествувал во сообраќајна несреќа.

М.С. по приведувањето е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Коментарите се затворени.