Болницата се опреми со уште еден дигитален рендген апарат
Гостивар, 21 септември 2021 Најголемата здравствена установа во гостиварско, општата болница „Ферид Мурад“ стави во употреба уште еден дигитален рендген апарат. Набавката е спроведена со помош од јапонската амбасада.
Од управата на болницата информираа дека апаратурата е софистициран систем од последната генерација на ваква опрема чија вредност е над 3,5 милиони денари.
– Сакаме да ги информираме граѓаните дека по низата вложувања во медицинска опрема, реконструкции на болничките капацитети, денес имавме чест и задоволство како Управа да го пуштиме во употреба најсофистицираниот дигитален рендген – апарат. Набавката финансиски ја поддржа Амбасадата на Јапонија, наведуваат од болницата.
Во моментов, гостиварската болница располага со вкупно два современи апарати, неопходни за секојдневното работење и дијагностика.
– Раководството на болницата излезе во пресрет на нашите барања и по набавката на првиот ваков апарат во 2019 година, сега со новиот ги имаме сите потребни капацитети за правилен третман на пациенти, рече раководителот на рендген одделот д-р Љубица Анастасиеска.
Гостиварската општа болница вработува над 500 лица и пружа секундарна здравствена услуга на над 100 илјади граѓани од три општини.
згм.
Коментарите се затворени.