Потпишан кодексот за фер и демократски избори во општина Гостивар

Гостивар, 24 септември 2021 Тројца претставници на политички партии кои имаат кандидати за градоначалници и единствената жена кандидат ставија потписи Кодексот за фер и демократски избори во општина Гостивар.

Со чинот на потпишување, според Халит Елези член на Општинската изборна комисија Гостивар политичките партии се обврзуваат на демократски изборен процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи и во склад со принципите на демократијата. Потпишаниот документ треба да биде гарант за

спроведување на кампања и избори без инциденти и нерегуларности, подвлече Елези.

Во салата на општинскиот совет, не дојдоа кандидатите за градоначалници на општина Гостивар на ДУИ-Невзат Бејта, Беса-Фадиљ Зендели и Алијанса за албанците-Алтернатива-Арбен Таравари. На кодексот се потпишаа претставници од партиите. Личен потпис на кодексот стави само кандидатката Рената Елези од ДПА.

згм

Коментарите се затворени.