Форумот на млади на ДУИ направија видеопроекција за четири годишниот мандат на Таравари
Гостивар 24 септември 2021 Граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ и форумот на млади на ДУИ придружувани од граѓани и активисти седнаа на столчиња наредени на улица и проследија колаж од изјави на Таравари кои ги дал во јавни настапи на телевизии и прес конференции.
Во видеоматеријалот беа акцентирани содржини, кои како што беше потенцирано, биле нереализирани клучни ветувања од претходната предизборна кампања. Во видео презентацијата имаше коментари дека останале нерешени проблемите сообраќајот, кучињата скитници, депонирањето на сметот, неизграден спортски центар, јавниот транспорт.
Низ видеото беше потенцирано дека дадените изјави се лага и дека Таравари нема што да им понуди на граѓаните на Гостивар. Повеќе пати беше пуштена и неговата изјава дека нема повторно да се кандидира со сатиричен коментар од гостувањето во емисијата „Фикс-Фаре“
Коментарите се затворени.