Казни за 20 моторџии, возеле без кацига и без дозволи
Гостивар, 27 септември 2021 Во последните на полицијата низ гостиварско напишани се казни за 20 мотоциклисти.Според информацијата од СВР Тетово, на почетокот на изминатиот викенд спроведена е и акција за контрола на мотоциклисти. Биле констатирани вкупно 20 прекршоци. Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем. Имало и два други прекршоци.
Синоќа (26/27 септември) од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи, кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани биле 17 возачи (ТЕ-13 и ГВ-4) кои управувале возила под дејство на алкохол.
Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.
При контролата, исто така, санкционирани се и 19 други видови прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-6).
Коментарите се затворени.