Во Гостивар, струја нема да има до 11 часот, а во Маврово до 16 часот

Во врска со прекинот во снабдувањето со струја од ЕВН Македонија ни испратија соопштение кое се надеваме ќе ви биде од корист.

„Екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на локациите наведени подолу. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) во листата во прилог. Со почит,ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА“

за денес од 09:00 до 11:00 во Гостивар без струја ќе бидат реоните:

нас.Стаклара, нас.Фазанерија, нас.Циглана, Гостивар (цело градско подрачје), ул.Гоце Делчев , ул.Сретко Крстевски, ул.Седек Костоски, ул.Илинденска, ул.Беличица, ул.Браќа Ѓиноски, ул.Живко Брајковски

за денес 29.09 2021 од 09:00 до 16:00 без струја ќе бидат  МАВРОВИ АНОВИ: Населено место во бизина на полициска станица Маврово, ЈКП Маврово и Општина Маврово.

Коментарите се затворени.