Затворен локал, приведени сопственикот и пет женски лица

Гостивар, 3 октомври 2021 (МИА)

Сопственик на угоститлески објект во гостиварско Добридол и пет странски државјанки се приведени, откако било утврдено дека во објектот не се почитуваат заштитни мерки и имало злоупотреба на престој во државава.

Според СВР Тетово, вчеравечер (2-3 октомври) од  23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со ДПИ спровеле акциска контрола во угостителскиот објект, сопственост на  З.Б. (47) од Добридол.

Во локалот лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот на Гостивар било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа и владините мерки за справување со “ковид-19”.

Сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.Тој, исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, наведуваат од СВР Тетово.

При контролата во објектот биле затекнати и 5 странски државјанки (танчерки), од кои 3 од Република Албанија и 2 од Република Косово, на различна возраст од 26 до 45 години. За нив е утврдено дека го злоупоупотребиле турстичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

згм

Коментарите се затворени.