Две лица лишени од слобода за физички напад
Гостивар, 15 октомври 2021 Еден гостиварец и еден жител на Равен вчера се лишени од слобода откако претходно биле пријавени во полиција.
Од СВР Тетво информриаат дека полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера (14 октомври) околу 17 часот и 30 минути на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар го лишиле од слобода Ф.Б. (56) од гостиварски Равен. Тој претходно физички ги нападнал 62-годишниот Б.Б. и неговиот син Д.Б.(36) од Гостивар. Ф. Б. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.
Вчеравечер (14 октомври) во 23 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец Б.Ф (43). Тој еден час пред тоа во семејниот дом физички ги нападнал 42-годишната сопруга и нивната ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Коментарите се затворени.