Во Гостивар проблеми со апаратите за отчитување отисоци

остивар 17 октомври 2021 Изборниот процес на денешните Локални избори во Гостивар започна со проблеми. Повеќето од половината апарати кои ги отчитуваат отисоците на прст не можеле да се активираат, информираат од ОИК Гостивар. Заради пријавените проблеми наскоро ќе се одржи состанок за да се утврди како ќе одвива гласањето понатаму. Онаму каде што апаратите не работат, процесот се одвива според насоките од ДИК на сите 121 гласачко место. Во списокот за гласање запишани се 80.050 лица.

Од ОИК Маврово Ростуше сите 39 избирачки места се отворени во предвидениот рок: Во избирачкиот список има 10.144 лица со право на глас.

Од ОИК Врапчиште информираа дека сите 39 избирачки места се отворени навреме и проблемите кои се јавиле на почетокот се надминати и процесот на гласање се одвива според предвиденото. Во оваа општина за гласање се запишани 26.383 граѓани.

Коментарите се затворени.