Со истрели во воздух, полицијата смирувала тепачка

Гостивар,  17 октомври 2021 Тепачка помеѓу две групи била прекината откако полцијаци кои интервенирале на пријава за нарушен јавен ред и мир испукале предупредувачки истрели.

Според СВР Тетово утрово два часа полноќ (17 октомври 02,40 часот) во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица ,,Живко Брајкоски“ во Гостивар во близина на угостителски објект по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар неколку лица физички го нападнале со тврди предмети. Едниот од напаѓачите извадил и остар предмет со кој му се заканувал. По кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил физички нападнат. По пријавата на местото пристигнале полициски службеници кои за да смират ситуацијата испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Се работи на целосно расчистување на случајот.

згм

Коментарите се затворени.