Излезноста до 9 часот во Гостивар 2,19%, во Врапчиште 1,58%, во Маврово-Ростуше 3,43
Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) – Проблемите со апаратите за отчитување на отисоци што се појавија во утринските часови се надминати и гласањето во општина Гостивар се одвива непречено. Од вкупно 80.050 граѓани, на гласање излегле 1.777, што е 2,19 проценти, информираше потпретседателката на ОИК Гостивар, Ајше Османи
Според ОИК Врапчиште до првиот пресек на гласање се одѕвале 1,58 проценти односно 416 граѓани од вкупно запишаните 26.383 граѓани
Од ОИК Маврово Ростуше информираат дека до 9 часот на сите 39 избирачки места излегле 3,43 проценти од 10.144 лица со право на глас.
Коментарите се затворени.