Изјава на Невзат Бејта кандидат за градоначалник на општина Гостивар

Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) Кандидатот за градоначалник од политичката партија Демократска унија за интеграции (ДУИ) по гласањето во избирачкото место во ОУ „Единство“ упати порака до граѓаните да излезат помасовно на овие избори, бидејќи како рече од тој избор зависи иднината на општината

            – Денес е најдобриот ден за нашите граѓани. Тие денес одлучуваат за својата иднина и за иднината општина Гостивар. Затоа треба да излезат да гласаат и така да придонесат за добрата иднина на градот и неговите жители, рече Бејта.

згм

Коментарите се затворени.