Таравари: Без разлика кој за кого гласал навечер ќе ја славиме победата на гостиварци

Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) Кандидатот за градоначалник од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, Арбен Таравари очекува изборниот ден да помине во најдобар ред. По гласањето тој упати порака до граѓаните:

            – Исто како и другите граѓани, денес ја исполнив мојата граѓанска обврска и дојдов да гласам со моето семејство. По една релативно коректна и добра кампања очекуваме резултати коишто ќе бидат еден печат што го даваат граѓаните. Гледам дека изборниот процес се одвива релативно стабилно со мали исклучоци на инциденти. Се надевам дека така и ќе заврши овој ден. Нека победи оној што ќе добие поголема поддршка од граѓаните. Мислам дека Гостивар заслужува добро раководење, чесни луѓе и чесна екипа за раководење на општината. Во едно сум сигурен, без разлика кој за кого гласал, навечер ќе славиме сите заедно, бидејќи победата ќе биде на гостиварци, изјави Таравари.

Коментарите се затворени.