Кошарка жени: Гостиварки утре одат на трета победа

Гостивар, 5 ноември 2021   ЖКК Гостивар оди на трета победа на претстојното гостување во Квадарци. Во рамки на 4 коло од првенството во Прва Б лига (жени),  ЖКК Гостивар утре (6.12.2021) ќе игра против ЖКК Трокал во 13 часот во салата „Јасмин“

– Неочекуван старт, два од два. Тоа е голем доказ и показател колку е важна желбата за победа и кога се игра со срце на терен. Минатата недела екипата на ЖКК Гостивар ја забележа втората победа од два изиграни натпревари. По двете победи девојките имаат поголема самодоверба и желба за уште една победа, наведуваат од управата на клубот.

ЖКК Гостивар со 4 бода и позитива од 44 коша е на четвртата позиција на табелата, со еден одигран натпревар помалку.

Коментарите се затворени.