Меморијален турнир „Трајче Нешковски“

Гостивар, 10 ноември 2021 Во чест на д-р Трајче Нешковски во недела (14 ноември 2021) ќе се одржи турнир во мал фудбал. Организаторите упатија покана до сограѓаните и пријателите да присуствуваат на овој спортски настан.

– Чест ни e да ве поканиме на овој, за нас важен настан, бидејќи големо е делото на нашиот доктор, пријател, сограѓанин, но уште е поголема нашата чест достоинствено да ги зачуваме од заборав неговото дело и лик, стои во поканата.

Одржувањето на првиот меморијален турнир во мал фудбал во чест на д-р Трајче Нешковски, е закажано на 14 ноември (недела) во спортската сала „Младост“ во Гостивар. Отворањето е во 11:00 часот.

Трајче Нешковски, е роден на 31.07.1988 година во Гостивар, каде ги завршува основното и средното образование. Дипломира на Медицинскиот Факултет во Скопје. Подоцна работи како лекар, а подоцна специјализира интерна медицина (пулмологија). Раководеше со ковид-единицата во детската болница Козле. Трајче беше истакнат член на СДСМ и генерален секретар на СДММ. Почина на 14 октомври 2020 година во Скопје. Зад себе остави сопруга и ќерка.

Коментарите се затворени.