Короната се враќа во Гостивар, два пациенти лежат во болница
Гостивар, 10 ноември 2021 Според податоците од Институтот за јавно здравје вчера од направени 3.317 тестирање, регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19,13 лица починале, а 517 пациенти оздравеле. Од почетокот на месецов бројката на новозаболени од КОВИД 19 достигна дваесет.
Од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје – 279, во Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8.
Во Гостивар и Кратово има по 7, Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2 и Струмица – 1.
Од вкупниот број на 517 оздравени пациенти, во Гостивар има еден, а нема регистрирано починати лица.
Изминатата недела беа регистрирани 18 нови случаи, а два се згрижено болнички. Во моментов активни се 39. Од почетокот на пандемијата во гостиварско имало 8029 позитивни на Ковид19
Коментарите се затворени.