Гостиварец се удавил во Вардар, сконал од мостот кај кланица

Гостивар, 13 ноември 2021 По информациите за трагичен исход и извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар. Случајот, кој беше пријавен вчераутро по што полицијата поведе потрага. Во близина на мостот помеѓу селата Старо Чајле и Форино го откри безживотното тело на 73 годишен гостиварец.           

Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело водата го однела по течението на реката. Набрзо безживотното тело било пронајдено со повреди на главата, најверојатно здобиени од падот.

Мотивите за трагичниот настан и причините за смртта, најверојатно ќе се утврдуваат по обдукција и постапката на јавен обвинител.

згм

Коментарите се затворени.